Бесплатна правна помош
Во текот на постапката за остварување на правото на паричен надоместок имате право на бесплатна правна помош.
За да добиете примарна правна помош при пополнување на барањето, потребно е да се обратите до овластено службено лице од подрачните одделенија на Министерството за правда според вашето живеалиште/престојувалиште, овластено здружение или правна клиника (во рамки
на правните факултети).
Може да побарате и секундарна правна помош која подразбира бесплатно застапување од страна на адвокат во целата постапка. Истото мора претходно да биде одобрено со Потврда издадена од подрачното одделение на Министерството за правда или со Решение од Министерство за правда.
Овластеното службено лице од подрачните одделенија на Министерството за правда според вашето живеалиште/престојувалиште, овластеното здружение или правната клиника (во рамки на правните факултети) може да ви помогнат во постапката за добивање на секундарна правна помош.