Доколку сте жртва на кривично дело со насилство, вие имате право на паричен надоместок поради последиците кои сте ги претрпеле како резултат на кривично дело сторено со умисла со примена на физичка сила или со други дејства со кои настанало тешко нарушување на здравјето.
Вие сте непосредна жртва доколку сте претрпеле тешко нарушување на физичкото или психичкото здравје како директна последица од стореното кривично дело.
Непосредна жртва сте и доколку сте претрпеле тешко нарушување на физичкото или психичкото здравје, како резултат на:
– обид да спречите извршување на кривично дело со насилство,
– давање помош на жртвата, и
– помагање на полицијата при лишувањето од слобода на сторител на кривично дело со насилство.
Вие може да бидете и посредна жртва доколку сте член на семејството (брачен или вонбрачен партнер, дете, родител) на непосредна жртва кај која настапила смрт поради кривично дело поврзано со насилство.
Правото на паричен надоместок како жртва, ви следува без разлика на вашиот статус, односно дали сте државјанин на Република Северна Македонија, странски државјанин 1, врз основа на принципот на реципроцитет или меѓународен договор, лице без државјанство или неевидентирано лице во матичната книга на родени доколку во времето на извршување на кривичното дело престојувате на територијата на Република Северна Македонија.
_____________
1паричен надоместок има жртва која е државјанин на земја-членка на Европската Унија и ќе започне да се применува од денот на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Доколку сте жртва на кривично дело со насилство, вие имате право на паричен надоместок поради последиците кои сте ги претрпеле како резултат на кривично дело сторено со умисла со примена на физичка сила или со други дејства со кои настанало тешко нарушување на здравјето.
Вие сте непосредна жртва доколку сте претрпеле тешко нарушување на физичкото или психичкото здравје како директна последица од стореното кривично дело.Непосредна жртва сте и доколку сте претрпеле тешко нарушување на физичкото или психичкото здравје, како резултат на:– обид да спречите извршување на кривично дело со насилство,
– давање помош на жртвата, и
– помагање на полицијата при лишувањето од слобода на сторител на кривично дело со насилство.Вие може да бидете и посредна жртва доколку сте член на семејството (брачен или вонбрачен партнер, дете, родител) на непосредна жртва кај која настапила смрт поради кривично дело поврзано со насилство.Правото на паричен надоместок како жртва, ви следува без разлика на вашиот статус, односно дали сте државјанин на Република Северна Македонија, странски државјанин[1], врз основа на принципот на реципроцитет или меѓународен договор, лице без државјанство или неевидентирано лице во матичната книга на родени доколку во времето на извршување на кривичното дело престојувате на територијата на Република Северна Македонија.
Кривичното дело со насилство може да биде поврзано со родово-базирано насилство врз жените и семејно насилство, кривично дело со кое се повредува половиот интегритет, кривично дело поврзано со засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос, трговија со луѓе и трговија со дете.
Кривично дело со насилство може да биде и друго кривично дело со кое со општоопасно дејство, орудие или средство се доведува во опасност животот или имотот на лицето, што предизвикало смрт или тешки телесни повреди или тешко нарушување на физичкото или психичкото здравје на едно или повеќе лица.
Предуслов за да остварите право на паричен надоместок е кривичното дело да е евидентиранo или пријавено во полициска станица или во јавното обвинителство.
На ваше барање, или на барање на вашиот родител/старател или полномошник, полицијата или јавното обвинителство се должни да ви издадат соодветно известување, записник за примање пријава, службена белешка или потврда дека делото е пријавено или евидентирано како кривично дело.
Имате право на паричен надоместок без оглед дали сторителот на кривичното дело е познат и без оглед дали против сторителот на кривичното дело e поведена кривична постапка, или, пак, постојат фактички или правни пречки за водење кривична постапка.
Вие имате право на паричен надоместок и тоа за:
– трошоци за лекување и медицински помагала (максимален износ до 2.000 евра во денарска противвредност),
– изгубена заработувачка (максимален износ до 2.000 евра во денарска противвредност),
– трошоци за погреб (само доколку не сте ги наплатиле по друга основа),
– изгубена издршка (максимален износ од 4.500 евра во денарска
противвредност), и
– солидарна помош за претрпени последици од кривичното дело
(максимален износ до 500 евра во денарска противвредност).
Износот на паричниот надоместок кои може да го добиете по сите видови, не може да го надмине износот од вкупно 5.000 евра во денарска противвредност.
Постапката се поведува со поднесување на писмено барање до Комисијата за паричен надоместок (во понатамошниот текст: Комисијата) која одлучува по барањето.
Формуларот – Образецот за Барањето за остварување на паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство може да се симне и испечати од веб страната на Комисијата. Барањето може да се предаде непосредно преку архивата на Министерството за правда или да се испрати по пошта или во електронска форма.
Контакт: Министерство за правда, ул. Димитрие Чуповски бр.9, 1000 Скопје
Веб-сајт: www.komisijazanadomestoknazrtvi.mk
Електронска адреса: contact@komisijazanadomestoknazrtvi.mk
Телефон: +389 2 3116 493 лок.119
За жртви деца/лица со ограничена или одземена деловна способност
Доколку жртвата е дете или нема деловна способност, барањето ќе се
поднесе до Комисијата од страна на родителот, старателот или од полномошникот.
Родителот или старателот за помош и информации можат да се обратат
до здруженијата на граѓани регистрирани за обезбедување на бесплатна правна помош или до подрачните одделенија на Министерството за
правда.
Најдобро е барањето за паричен надоместок да се поднесе на образец кој може да го најдете во овој информативен материјал или да го подигнете од канцелариите на здруженијата на граѓани регистрирани за обезбедување на бесплатна правна помош или до подрачните одделенија на Министерството за правда.
Барањето може да го поднесете на македонски јазик и неговото кирилично писмо или на друг службен јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо или на јазикот што го разбирате.
Доколку користите свое барање, внимавајте на следните задолжителни елементи кои мора да ги содржи барањето:
- лични податоци за подносителот на барањето, односно жртвата, ако не е исто лице со подносителот на барањето,
- опис на кривичното дело (датум, место и начин на извршување),
- датум кога е евидентирано или пријавено извршувањето на кривичното дело во полиција или во јавното обвинителство,
- опис на последиците од кривичното дело,
- наводи за тоа дали на жртвата и е познато дека против сторителот на кривичното дело се води кривична постапка, пред кој надлежен орган, како и бројот под кој се води предметот,
- изјава за остварување надоместок признат со закон остварен по други правни основи, и
- видот на надоместокот што жртвата го бара.
Кон барањето за покренување на постапката за остварување надоместок се поднесуваат фотокопии и се врши увид во оригиналот или заверен препис на следниве исправи:
- документ за лична идентификација,
- доказ за државјанство, живеалиште или престојувалиште, освен за жртва без државјанство или жртва која е неевидентирано лице во матичната книга на родени,
- соодветна исправа од полицијата или од јавното обвинителство дека кривичното дело е евидентирано или пријавено,
- доказ (медицинска документација) од која произлегува дека жртвата претрпела тешки телесни повреди, тешко нарушување на психичкото или на физичкото здравје,
- извод од матичната книга на умрени, ако настапила смрт на жртвата како последица на кривичното дело,
- доказ за неспособност за работа во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување,
- доказ дека посредната жртва ги платила трошоците за погреб,
- своерачно потпишана изјава за неостварување надоместок признат со овој закон остварен по други правни основи,
- податоци за негова лична трансакциска сметка, и
- други исправи со кои располага жртвата, а со кои се докажува исполнувањето на условите за остварување надоместок.
Во оваа постапка не се плаќаат административни такси.
За странски државјани/лица без државјанство
Имате право на преведувач за време на целата постапка, а трошоците се на товар на државата.
Кон исправите кои ќе ги поднесете на странски јазик, потребно е да приложите и заверен превод на македонски јазик. Трошоците за превод се покриваат од страна на државата. Истите треба да ги пријавите во вашето барање за да ви бидат надоместени од страна на Комисијата.
Комисијата по приемот на вашето барање со потребните исправи ќе ви издаде потврда за прием на барање, во кое е наведено лице за контакт надлежно за постапување и рокот до кога ќе се донесе одлуката, доколку е можно.
Доколку во текот на постапката за остварување на правото на паричен надоместок, остварите право согласно друг закон, за тоа задолжително мора да ја известите Комисијата во рок од седум дена од остварувањето на правото, при што потребно е да доставите и доказ за остваренотo право и надоместок.
Во текот на постапката, по исклучок, Комисијата може да ве повика да дадете изјава за што составува записник или службена белешка. Побарајте копија од тоа што сте го изјавиле и сте го потпишале.
Доколку поднесеното барање е нецелосно, Комисијата ќе ве повика во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето да го исправите или дополните барањето со докази, кои се потребни за донесување одлука.
Во текот на целата постапка Комисијата внимава на вашите лични податоци кои сте ги доставиле и е должна да обезбеди тајност и заштита од злоупотреби.
Барањето се поднесува најдоцна во рок од три години од денот кога е извршено кривичното дело кое го наведувате во барањето за надоместок.
Ако поради здравствени причини не сте во можност да го поднесе барањето во рок од три години од денот кога е извршено кривичното дело кое се наведува во барањето за надоместок, барањето се поднесува најдоцна во рок од шест месеци од денот кога престанале да постојат причините поради кои не сте биле во можност да го поднесете барањето, а најдоцна во рок од пет години од денот на извршувањето на кривичното дело.
За жртви деца/лица со ограничена или одземена деловна способност
Ако станува збор за жртва дете или лице со ограничена или лишена деловна способност, а родителот или старателот не поднел барање за надоместок во рок од три години од денот кога е извршено кривичното дело кое се наведува во барањето за надоместок, рокот од три години започнува да тече од денот кога лицето ќе наполни 18 години или од денот кога по настапување полнолетство на жртвата е пријавено извршувањето на кривичното дело или од денот кога на лицето му е вратена деловната способност.
По вашето барање, за правото и висината на паричниот надоместок, одлучува Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство.
Комисијата работи и одлучува со кворум од три члена, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
За правото на паричен надоместок, за видот и висината одлучува Комисијата со решение, најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на целосното барање за надоместок.
Исклучок
Доколку основата за остварување на надоместокот и висината на надоместокот не можат да се утврдат без факти и околности, кои ќе се утврдат во правосилно завршена кривична постапка, одлуката се донесува најдоцна во рок од три месеци од денот на правосилноста на одлуката во кривичната постапка.
- решение со кое го отфрла барањето како ненавремено, недозволено или поднесено од неовластено лице,
- решение со кое го отфрла барањето како неуредно или непотполно, ако подносителот на барањето е повикан да го исправи
или дополни, а тоа не го направи во предвидениот рок, - решение со кое го уважува барањето за надоместок во целост или
делумно и одредува вид и висина на паричниот надоместок, - решение со кое го одбива барањето како неосновано.
Решението за правото на паричен надоместок се доставува до вас во писмена форма на адресата што сте ја навеле во барањето, без одлагање.
За жртви деца/лица со ограничена или одземена деловна способност
Решението за правото на паричен надоместок се доставува во писмена форма на адресата што старателот или родителот ја навеле во барањето, без одлагање.
Доколку во меѓувреме сте ја промениле адресата, веднаш по промената задолжително треба да ја известите Комисијата за вашата нова адреса.
Барањето ќе се одбие кога со надоместок од сторителот на кривичното дело во целост е подмирена штетата
Во рок од 30 дена од денот на приемот на решението со коешто е одобрено плаќање надоместок, Комисијата врши исплата која мора да биде исклучиво на вашата трансакциска сметка што ќе ја доставите до Комисијата.
За жртви деца/лица со ограничена или одземена деловна способност
Комисијата врши исплата на трансакциска сметка на родителот или на старателот на жртвата.
Доколку Комисијата ќе ви исплати паричен надоместок, а Вие остварите целосен или делумен надоместок од сторителот на кривичното дело, државата има право од вас да побара да го вратите износот што ви е исплатен.
Против решението на Комисијата, имате право во рок од 30 дена од денот на приемот на решението да поднесете тужба за поведување управен спор до Управниот суд.
Тужбата може да се поднесе непосредно до судот во писмена форма, по пошта на адреса или преку електронски средства.
Доколку сте ја поднеле тужбата непосредно во судот, лицето кое ја примило тужбата должно е да ви издаде потврда за прием со заведен број на тужбата.
Доколку сте ја испратиле тужбата по пошта како препорачана пратка, датумот на достава во поштата се смета за датум на поднесување на тужбата во судот. Зачувајте го ливчето како доказ дека сте ја испратиле тужбата до судот. Потоа обратете се до судот за да добиете број под кој се води вашиот предмет.
Доколку сте поднеле тужба преку електронските средства ќе се смета дека е поднесена во оној момент кога таа ќе биде забележана на серверот за излезни електронски пораки. Таквата тужба ќе биде потврдена преку електронските средства со електронски потпис од страна на судот, без никакви одлагања.
Против пресуда на Управниот суд може да вложите жалба во рок од 15 дена од денот на доставувањето на преписот на пресудата.
Жалбата се поднесува до Управниот суд, а по жалбата одлучува Вишиот управен суд.
Контакт: Управен суд, ул. „Даме Груев” бр.6, 1000 Скопје
Тел. 02 3203-200 или 02 3203-231
Тужбата не го одлага извршувањето на решението на Комисијата.
Во постапката за остварување паричен надоместок не се плаќаат административни такси.
Доколку не сте државјанин на Република Северна Македонија, во текот на целата постапка имате право на преведувач на трошок на Комисијата.
Во текот на постапката за остварување на правото на паричен надоместок имате право на бесплатна правна помош.
За да добиете примарна правна помош при пополнување на барањето, потребно е да се обратите до овластено службено лице од подрачните одделенија на Министерството за правда според вашето живеалиште/престојувалиште, овластено здружение или правна клиника (во рамки
на правните факултети).
Може да побарате и секундарна правна помош која подразбира бесплатно застапување од страна на адвокат во целата постапка. Истото мора претходно да биде одобрено со Потврда издадена од подрачното одделение на Министерството за правда или со Решение од Министерство за правда.
Овластеното службено лице од подрачните одделенија на Министерството за правда според вашето живеалиште/престојувалиште, овластеното здружение или правната клиника (во рамки на правните факултети) може да ви помогнат во постапката за добивање на секундарна правна помош.
Комисија за паричен надоместок
Контакт лице
- Андријана Ѓорѓевска, Раководител на одделение за помилување и надомест на штета
- +389 2 3116 493 лок.119
- +389 (0)70 314–453
- agjorgjevska@justice.gov.mk
Поважни контакти
- Министерство за правда, ул. „Димитрие Чуповски” 9, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
- cabinet@justice.gov.mk
- +389 (0)2 3116 – 493
- +389 (0)2 3116 – 648