Комисија за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Како да поднесете барања за државна надомест за жртви на трговија со луѓе во Северна Македонија?

ЕУ и Советот на Европа и помагаат на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство во Северна Македонија да ги информира барателите за процесот на испитување и барање државен паричен надоместок за жртвите на насилни кривични дела, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Подготвени се информативни материјали за барателите на државен надомест на македонски, албански и англиски јазик кои опфаќаат главни теми, вклучувајќи го правото на надоместок, поднесувањето на барањето и максималниот износ што државата може да го додели за претрпената неправда. Брошурите даваат клучни упатства за видовите кривични дела за кои може да се бара надоместок. Тие детално ги прикажуваат критериумите кои жртвата треба да ги исполнува, постапката, и видовите на штети за кои може да се побара надоместок. Исто така, го насочуваат вниманието кон одредени специфичности поврзани со децата жртви или жртвите со попреченост.

Оваа иницијатива доаѓа по усвојувањето на Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство во ноември 2022 година, што резултираше со формирање на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство во февруари 2024 година. Нејзината задача е да ги испитува и одобрува барањата за државен паричен надоместок на жртви на насилни кривични дела, вклучително и жртви на трговија со луѓе. Во оваа рамка, Комисијата го усвои Правилникот и образецот за барање. За да им се помогне на жртвите на овие кривични дела во процесот на барање државен паричен надомест, беа развиени информативни материјали со поддршка на проектот на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ .

Овие напори имаат за цел да го поддржат спроведувањето на Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе , која е клучен меѓународен договор за заштита и помош на жртвите на трговија со луѓе. Нејзиниот член 15 предвидува дека секоја страна потписничка на Конвенцијата ќе усвои такви законодавни, или други мерки што може да бидат неопходни, за да се гарантира надоместок на жртвите во согласност со условите според нејзиното внатрешно право, на пример преку формирање фонд за надоместок на жртви, или мерки, или програми. Во однос на Северна Македонија, Конвенцијата стапи на сила на 1 септември 2009 година.

Проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна МакедонијаЗајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија “ е дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

ПРЕЗЕМЕНО

Skip to content