Комисија за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Видови одлуки

Каква одлука може да има по моето барање за паричен надоместок?

По вашето барање, за правото и висината на паричниот надоместок, одлучува Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство.

Комисијата работи и одлучува со кворум од три члена, а одлуките ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Во кој рок ќе добијам одговор по барањето на паричен надоместок?  

За правото на паричен надоместок, за видот и висината одлучува Комисијата со решение, најдоцна во рок од 60 дена од денот на приемот на целосното барање за надоместок.

Исклучок

Доколку основата за остварување на надоместокот и висината на надоместокот не можат да се утврдат без факти и околности, кои ќе се утврдат во правосилно завршена кривична постапка, одлуката се донесува најдоцна во рок од три месеци од денот на правосилноста на одлуката во кривичната постапка.

Видови на одлуки

  • решение со кое го отфрла барањето како ненавремено, недозволено или поднесено од неовластено лице,
  • решение со кое го отфрла барањето како неуредно или непотполно, ако подносителот на барањето е повикан да го исправи
    или дополни, а тоа не го направи во предвидениот рок,
  • решение со кое го уважува барањето за надоместок во целост или
    делумно и одредува вид и висина на паричниот надоместок,
  • решение со кое го одбива барањето како неосновано.
    VI.

Решението за правото на паричен надоместок се доставува до вас во писмена форма на адресата што сте ја навеле во барањето, без одлагање.

За жртви деца/лица со ограничена или одземена деловна способност

Решението за правото на паричен надоместок се доставува во писмена форма на адресата што старателот или родителот ја навеле во барањето, без одлагање.

Доколку во меѓувреме сте ја промениле адресата, веднаш по промената задолжително треба да ја известите Комисијата за вашата нова адреса.

Барањето ќе се одбие кога со надоместок од сторителот на кривичното дело во целост е подмирена штетата

Skip to content